Ако сакате да го забрзате стариот iPhone пробајте да ја промените локацијата

-

Apple и натаму ја забавува работата на постарите iPhone телефони, но добра вест е дека има едноставен начин да се надминат проблемите. Група кинески истражувачи откри дека ако корисникот ја промени локацијата на телефонот во „Франција“ перформансите на телефонот се подобруваат. Непотврдена причина за ова се судовите во Франција кои веќе ја казнија компанијата за влошување на перформансите на сметка на подолгото користење помеѓу полнењата.

Во 2017 повеќе корисници преку повеќе различни тестови покажаа дека компанијата ја забавува работата на постарите уреди со дотрајани батерии. Apple и официјално потврди дека ја забавува работата на уредите кои имаат дотрајани батерии. Поради оваа пракса Apple прифати да исплати отштета за секој телефон кој се квалификува. Дополнително, за да го олесни следењето на капацитетот на батеријата, Apple по овој инцидент издаде „Battery Health“ функционалност која на корисниците им го покажува максималниот капацитет на батеријата и времето кое може да работи уредот со максимално оптоварување..

Она што го покажува последното истражување е дека компанијата и покрај казната која ја плати и понатаму ги забавува телефоните, но и iPad таблет компјутерите. Единствен пазар каде компанијата не влијае на работа на телефоните е Франција. Забавувањето и натаму е исклучиво за постарите модели, што веројатно е и логично со оглед на тоа дека новите уреди не би требало да имаат проблем со батеријата.

Тестовите кои истражувачите ги направија се едноставни. Со алатка за бенчмарк тест GeekBench 5 најпрво ги тестираа телефоните со локација Кина, а потоа ја променија локацијата во Франција и повторно тестираа. На новиот iPhone 12 Pro уред нема никаква разлика во двата теста. Сепак тоа не е случај со постариот iPhone 7.

Пред промената на локацијата испитуваниот телефон имаше оценка од GeekBench 286632; 78719 за процесорот и 98797 за графичкиот процесор. Само со менувањето на локацијата во Франција, тестот покажа оценка 298321; 85477 за процесорот и 98751 за графичкиот процесор. Резултатите ги потврдиja и мерењата со AnTuTu, пренесе Gizchina.

The post Ако сакате да го забрзате стариот iPhone пробајте да ја промените локацијата appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *