Безбедно споделувајте лозинки со Bitwarden

-

За многумина, Bitwarden е број еден уредник за лозинки, особено кога ќе се земе во предвид можноста за безбедно споделување лозинки со едно или повеќе лица. Иако не препорачуваме, порано или подоцна може да се случи да сакате да споделите одреден онлајн акаунт, како тој на Spotify, со вашите најблиски. Bitwarden се одликува со Organisation опција каде можете да споделите лозинки за некои заеднички акаунти со едно лице. Може да споделите и со повеќе лица, но таквото нешто чини околу 150 денари месечно.

За да ја користите оваа опција, потребно е да направите акаунт на Bitwarden, а потоа и да ја преземете екстензијата која е достапна за бројни прелистувачи. По најавувањето преку екстензијата, упатете се кон Settings, па преку Tools изберете Bitwarden web vault. Преку ново-отворениот прозорец, најдете го одделот Organisations, па изберете +New organisation за да наместите како да се вика множеството од лозинки кои сакате да ги споделувате.

How to share passwords securely at work | 1Password

За споделување лозинки, одбетете го јазичето Manage, па +Invite user. Доаѓаме до важниот момент каде треба да одберете каков вид на корисник, User Type, добива пристап до лозинките. Строго советуваме да стои User за да корисникот може да ги пристапи лозинките, но не може да ги менува. Потоа, штиклирајте Default collection и дефинитивно изберете ја опцијата hide your shared passwords. На овој начин, лицето може да ја користи екстензијата за да влегува во споделените акаунти, но нема да може да ги гледа лозинките. Кликнете Save за да се испрати покана до имејл адресата на одбраното лице.

Тука не е крајот на приказната и во моментот кога лицето што сте го поканиле се приклучи на вашата „организација“ потребна е дополнителна потврда од ваша страна преку јазичето Manage, па People. Кликнете на запчаникот десно од името и изберете Confirm. Имајте во предвид дека во кој било момент можете да го отстраните оваа лице подоцна, со што пристапот до вашите лозинки ќе биде запрен (за тоа одите со опцијата Remove).

Sharing | Bitwarden Help & Support

Откако ова ќе го средите можете да создадете нова лозинка за споделување преку јазичето Vault и избирање на опцијата +Add item. По внесување соодветни податоци поврзани за акаунтоткликнете на Save. Подразбирливо, можете да споделите и веќе постоечки лозинки од трезорот така што ја наваќате лозинката во трезорот и избирате Share преку запчаникот. Во тој случај, меѓутоа, мора да изберете со која организација се споделува лозинката пред да кликнете на Save.

The post Безбедно споделувајте лозинки со Bitwarden appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *