Блокирајте оддели од веб страни со Ublock Origin

-

Во случај постојано да користите YouTube, би можело да ве иритираат одредени елементи на сајтот, како одделот со коментарите или одделот со препорачани видеа. Сигурни сме дека има стотици работи низ бројни сајтови кои не би сакале постојано да ви се прикажуваат.

Ublock Origin, или UBO е алатка со која можете да ги сокриете одделите кои не ги сакате и да уживате во едно попријатно искуство, скроено по ваша мерак. Имено, по отворање на екстензијата, изберете Element Picker и кликнете на одделот кој сакате да го отстраните. За крај, кликнете на копчето Create и одделот ќе исчезне. Истово можете да го направите и за некој друг оддел кој ви „боде очи“. Најдоброто е тоа што промените ќе бидат прифатени и секојпат кога одново ќе го посетите сајтот нема да ги гледате несаканите оддели.

UBO е, исто така, одлична алатка за блокирање реклами и колачиња.

The post Блокирајте оддели од веб страни со Ublock Origin appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *