Видео комуникација во проширена реалност со lifeAR

-

lifeAR e најновата алатка од лабораторијата на teamViewer, а е замислена да ви дозволи да започнете видео комуникација со до шест луѓе. За време на видео комуникацијата добивате можете да уживате во одредени предности на проширената реалност и во самото видео, кое се одвива во реално време, да вметнувате рачно напишани белешки, тродимензионални стрелки, емоџи и многу повеќе!

Преку употреба на проширена реалност, вашиот видео чет добива значително подлабока и покреативна димензија каде ви се дозволува директно и во реално време да пружате помош од далечина или да искажете одредена повратна информација. Целиот интерактивен чет може да биде сниман, а потоа и споделен на социјалните мрежи.

lifeAR е апликација која е достапна и за Android и за iOS.

The post Видео комуникација во проширена реалност со lifeAR appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *