Вметнувајте забелешки во и-мејлови кои се видливи само за вас

-

Често се случува да добивате важни мејлови за кои или заборавите да вратите или пак правилно да реагирате. Simple Gmail Notes или SGN е екстензија која ќе ви помогне да создадете забелешки кои се видливи само за вас, а достапни секојпат кога ќе се логирате во вашиот акаунт.

Simple Gmail Notes фунционира за скоро сите прелистувачи. За да ја преземете за Chrome, Edge, или Brave, упатете се тука, додека за Firefox – тука! По инсталација и активација на екстензијата, логирајте се преку вашиот gmail акаунт.

Секојпат кога ќе отворите нов имејл ќе забележите нов оддел на врвот. Кликнете на копчето login за да ги внесете податоците од вашиот акаунт и кликнете на Allow, за да одделот стане жолт. Тоа е тоа! Сега можете без проблем да внесувате какви било забелешки поврзани за мејлот кој сакате да го испратите. Едноставно впишете ја забелешката во жолтото поле и истата автоматски ќе биде сочувана. Процедурата е потполно иста за останати мејлови. Во иднина, секојпат кога листате низ мејловите, оние во кои има забелешка прикажуваат дел од истата на почетокот од насловот на мејлот.

Simple Gmail Notes ви дозволува да ја менувате бојата на позадината, да пребарувате други забелешки, што е одлично за copy-paste генерични одговори. Кога сме кај ова, лесно можете да создавате и урнеци за вашите збелешки преку Settings, па Template.

The post Вметнувајте забелешки во и-мејлови кои се видливи само за вас appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *