Вметнувајте наслови во слики со најновата верзија на IrfanView

-

Претпоставуваме дека за IrfanView не е потребно посебно претставување. Ова е повеќе од одлична алатка за интеракција со вашите фотографии, а секое надополнување само го издигнува целокупносто искуство на едно поефикасно ниво.

Кога сме кај тоа, најновата 4.58 верзија не воведува премногу работи, но една функција која значително се истакнува е можноста да вметнувате наслови на горната или долната страна од секоја слика. Секојпат кога ќе вметнете некој текст, IrfanView нема ниту да ја отсече сликата ниту да ја покрие; текстот го вметнува преку проширување на канвасот.

За да вметнете наслов, вчитајте ја вашата слика и преку Edit менито изберете Insert text (вистинските професионалци би можеле да одат со кратенката Ctrl+T). Не забаравајте да одберете фонт или боја за вашиот наслов пред да кликнете на копчето OK.

The post Вметнувајте наслови во слики со најновата верзија на IrfanView appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *