Гледајте го летот на Џеф Безос со Blue Origin во живо

-

За помалку од два часа Blue Origin ќе ги однесе во вселената Џеф Безос и неговиот брат Марк Безос. Покрај нив во леталото ќе бидат најмладиот и најстариот астронаут кој некогаш полетале.

Браќата Безос, Воли Фанк (најстариот патник, 82 години) и Оливер Даемен (најмладиот патник има 18 години) ќе полетаат во вселената и ќе го искусат слетувањето на капсулата New Shepard назад на земјата. Во текот на летот тие ќе одлетаат на над 100 km надморска висина и 3 минути ќе бидат во бестежинска состојба. Потоа со помош на падобран New Shepard полека се спушта на земјата. Целиот лет ќе трае околу 10 минути.

 Тест летови се направени веќе неколкупати, но ова е прв пат во капсулата да има екипаж.

Целиот лет ќе биде достапен во живо на YouTube каналот на Blue Origin.

The post Гледајте го летот на Џеф Безос со Blue Origin во живо appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *