Гледајте планетарна промена преку Timelapse

-

Од неодамна, Google Earth се одликува со алатка која ви дозволува да гледате како се менувала планетата Земја во последните 37 години. Оваа алатка се истакнува како најголемото надополнување за Google Earth од 2017 година па наваму и може да се пофали со 24 милиони слики од сателити, односно 20 милиони GB податоци кои се еквивалентни на 530 000 4K видеа.

Со Timelapse патувате низ годините преку користење на временската лента. Паралелно со ова, можете да гледате и 800 видеа кои се направени од Google, а првично биле замислени да ја истакната планетарната промена, како урбано проширување, последици од рударство, уништување на шумите, земјоделска експанзија и слично.

The post Гледајте планетарна промена преку Timelapse appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *