Голем сајбер напад би можел да предизвика вистинска војна

-

Сајбер напад од група поддржана од некоја држава би можел да предизвика вистинска војна, смета претседателот на САД, Џо Бајден. Претседателот на САД стравува дека опасноста од ова е поголема со секој следен напад.

„Знаете што, видовме некои сајбер закани, вклучувајќи и ransomware напади, кои предизвикуваат штета и нарушување во вистинскиот свет,

Не можам да гарантирам; информирани сте колку што сум и јас, но сметам дека е поверојатно дека ќе завршиме, па дека ќе завршиме, во вистинска стрелачка војна со светска велесила. Ова ќе биде последица на сајбер напад со големи штети. Оваа опасност се зголемува експоненцијално“, вели г. Бајден.

Предупредувањето доаѓа во период во кој неколку американски компании, но и делови од критична инфраструктура беа цел на напад. Нападите врз SolarWinds, Colonial Pipeline, JBS и Kaseya предизвикаа поголема штета отколку само обичните напади врз компаниите.

САД и Русија разговараат за опасностите од сајбер напади и од заштита на онлајн криминалци. Минатиот месец САД поднесе листа со сектори и критична инфраструктура која не смее да биде дел од сајбер напади. Оттогаш членови на администрацијата на г. Бајден задолжени за национална безбедност се во контакт со претставници на Кремљ, пренесе Reuters.

The post Голем сајбер напад би можел да предизвика вистинска војна appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *