Добредојдовте на првиот Game Jam Plus натпревар

-

Викендов се одржува еден од најголемите глобални хакатони за правење и целосен развој на видеоигри Game Jam Plus. Натпреварот потекнува од Бразил, и за првпат оваа година ќе учествуваат креатори на видеоигри од Македонија. Локална поддршка на хакатонот се „Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА“.

“Во моментот Македонија има 120 пријавени учесници и сме меѓу најбројните во однос на другите земји. Бенефитот од ова ќе биде тоа што повеќе македонски тимови ќе одат на европско ниво. Овие тимови ќе имаат можност да поминат 3 месечна инкубација со интернационални ментори и во дружење/соработка со тимовите од цел свет. И потоа со игрите ќе се натпреваруваат на европско ниво, а зошто да не и на светско. Ако вообичаено од една мала/средна земја одат 2 тима, ние би требало на европско ниво да испратиме 4, 5 па и повеќе тимови“, вели Даниела Спасовска од МАГДА.

Време за пријавување на учесници има уште малку, но пријавите остануваат отворени до самиот почеток за настанот во 18 часот. Сите заинтересирани може да се приклучат на каналот Discord каналот на GameJamPlus.

Она што во случајов е поинтересно е дека учесниците од Македонија на настанот ќе учествува заедно со учесниците од Израел. Ова значи дека уште во прва фаза учесниците ќе можат да креираат мешани македонско-израелски тимови. Иако креирањето на игри е заедничко двете локации потоа посебно ќе ги одбираат најдобрите видеоигри кои ќе ги пратат во втора фаза.

„Израел е земја која котира високо на мапата на game development. Ќе имаме можност да видиме какви игри ќе прават израелските тимови, да се дружиме со нив и да соработуваме. И тие ќе нѐ запознаат нас. На крајот секоја земја посебно оди во втората фаза. Но дозволено е, доколку ви треба, во тимот да примите учесник/учесници од Израел или доколку имате желба да влезете во израелски тим“, додава Даниела.

Што ќе се случува на Game Jam Plus

8-ми oктомври, петок

18:00 – Отварање на настанот, гледање на киноут видеото и официјално  објавување на темите. На настанот има 5 теми. Темите се секогаш доста широки и сеопфатни. По ваша желба може да работите според 1 тема или на комбинација од 2, 3 теми, па дури и од сите.

19:00 – Формирање на тимови или објавување на веќе формираните. Секој тим треба да си смисли име. После претставувањето тимовите започнуваат со работа т.е. избираат тема/теми и обмислуваат идеја за играта. Секој тим ја презентира својата идеја.

9-ти oктомври, сабота  

Менторите ќе бидат достапни во текот на целиот ден и ќе можете да ги контактирате на Discord серверот. Во текот на денот, 2-3 пати ќе треба да испратите screenshot слики од играта, без разлика до каде тимовите стигнале со развој. Тоа може да го направат во било кое време.

10-ти oктомври, недела

Наутро продолжува работа. Менторите повторно ќе бидат достапни во текот на целото работно време. Овој ден е малку пократок од претходниот и затоа учесниците треба да испратат 1, 2 screenshot слики од играта.

17:00 – 17:30 крај на работата.
18:00 – претставување на жирито и почеток на презентација на игрите. Претставникот од вашиот тим кој ќе ја презентира играта ќе се вклучи преку Streamyard (шер скрин со а/в од сите тимови).
После ова следува гласање од страна на жирито и избор на игри кои што ќе одат на 2 ниво. Во исто време ќе имаме и избор на најдобра игра според публика што ќе се одвива со гласање online. 

За сите заинтересирани кои ќе учествуваат на натпреварот организаторите објавија и листа на корисни совети:

  • Времето што е дадено за работа е оптимално и доволнo. Ние, организаторите и менторите сме тука да ви помогнеме брзо и лесно да се прилагодите. Немојте многу да се опуштате, но немојте и да се форсирате да работите преку цела ноќ. Најдете време да се одморите, но кога работите бидете насочени и концентрирани.
  • Играта која што треба да ја изработите е всушност мал прототип на игра. Во неа треба да биде претставена идејата која ја имате и како сте го замислиле game play-от. Вие не треба да ја направите целата игра зошто тоа е невозможно да се направи за еден викенд. Треба да направите еден мал дел од неа, ама солидно направен, на пример едно мало ниво или дел од ниво. За другите нивоа и другиот дел од содржината ќе ни раскажете на презентацијата, затоа што тие би се работеле на второто ниво.
  • Кога ќе заглавите негде, не тапкајте во место, побарајте помош од ментор.
  • Кога како тим ќе размислувате за идеја, размислувајте за нешто оригинално, нешто ново кое би сакале вие да го играте. Многу од вас редовно гејмаат и знаат што е тоа кое им недостига или кое би го промениле. Иако е важно да имате техничко знаење, добрата идеја, гејм-плеј и приказна се поважни. Оригиналната идеја може да биде во приказната/сценариото, гејм дизајнот, гејм плејот, механизмите на играта, цртежот и анимацијата и воопшто во било што.
  • Бидете јасни и прецизни на презентацијата во недела. Откако ќе се претставите и ќе го претставите тимот, ќе треба во живо да ја играте играта, за жирито да може да види како точно работи. Тогаш ќе ни раскажете што се случува во она што го гледаме, а потоа ќе ни раскажете како понатаму ќе се развива играта. Можеби ќе има и прашања од жирито. Презентациите на сите тимови заедно ќе траат отприлика 2 часа.

The post Добредојдовте на првиот Game Jam Plus натпревар appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *