Доналд Трамп ги тужи Google, Facebook и Twitter за цензура

-

Поранешниот претседател на САД, г. Доналд Трамп смета дека е жртва на цензура и започна судски спорт против дел од најголемите друштвени мрежи. Покрај Google, Facebook и Twitter, дел од тужбата се и директорите, Марк Закерберг, Сундар Пичај и Џек Дорси.

„Бараме да се стави крај на ова отстранување во сенка, крај на замолчувањето, додавањето на црна листа, протерувањето и бришењето кое многу добро го знаете“, вели г. Трамп.

Г. Трамп во спорот бара со судска наредба да се забрани
цензурата од друштвените мрежи. Тимот на поранешниот претседател смета дека Членот
1 од Уставот на САД ја гарантира слободата на говор. Сепак Членот 1 нуди заштита
единствено од цензура од државата, не и од приватни компании.

Тој побара од судот да го прогласи членот 230 од Законот за комуникациска пристојност (Communications Decency Act) за неуставен. Овој член ги ослободува платформите како Facebook и Twitter од одговорност за содржината која ја објавуваат нивните корисници.

Г. Трамп е отстранет од друштвените мрежи поради повикување и глорифицирање на насилство на протестите од 8 јануари. Twitter му забрани пристап на својата платформа во неопределен период, а Facebook на разгледувањето на забраната го продолжи рокот за следните две години. Трамп во текот на својата кариера тужел повеќепати, но вообичаено или ги губи овие спорови или воопшто не стигаат до судница. Сепак веднаш по најавата за тужба започна собирањето на донации за поддршка на спорот.

Дел од политичките експерти сметаат дека целиот спор е театар за да се задржат поддржувачите на Трамп ангажирани, и да се продолжи приказната дека големите технички компании се против Републиканците, вели Axios.

The post Доналд Трамп ги тужи Google, Facebook и Twitter за цензура appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *