Ева е робот кој искажува шест емоции

-

Гнев, страв, радост, тага, изненаденост и одвратност сe шест основни емоции кај луѓето. Запознајте се со Ева и ќе видите дека и овој робот е способен да ги направи изразите на лицето кои се својствени за овие емоции.

За да се прикажат емоциите, инженерите од Колумбија ја имаат истренирано Ева да ги копира изразите на луѓето кои гледаат во камера. Овој проект е замислен за да се изгради доверба помеѓу роботите кои се грижат за луѓето и самите луѓе. Искрено, не знаеме колку позитивни реакции ќе има таквото нешто кога ќе вметнете во комбинација изрази на гнев, страв, тага и одвратност. Од шестте емоции со кои Ева располага, само една е позитивна, една е отворена за интерпретација, а дури четири се негативни. Ставете го ова на роботско лице и, за повеќето, шансите се изразите да се со контра-ефекти и лесно да заземат хорор димензија.

Од друга страна, со ваквото нешто и со текот на времето, роботите би можеле да бидат истренирани правилно да ги проценат изразите на лицето на луѓето и соодветно да реагираат. На пример, доколку видат дека лицето за кое се грижат е тажно, роботот би можел да пуштат весела музика или да се впушти во соодветен дијалог.

The post Ева е робот кој искажува шест емоции appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *