Забраната за копање на криптовалути во Кина ги поевтини графичките картички

-

Конечно некакви добри вести за гејмерите кои чекаат графички
картички. Забраната за копање на крипто-валути во Кина значително ја намали
цената на графички-картички. За некои од картичките како Asus TUF Gaming
GeForce RTX 3060 OC Edition промената е значителна и изнесува дури 45 отсто.

Драстичната промената на цените доаѓа откако и Сечуан им нареди на „копачите“ на крипто-валути да ги затворат овие постројки. Сечуан е трета провинција по Внатрешна Монголија и Ксинџијанг во која е забрането копањето на крипто-валути. Карактеристично за оваа провинција е ниската цена на киловат час електрична енергија која се произведува од хидро-енергија, вели South China Morning Post.

Падот на цената поизразен кај картичките од пониска и средна
класа, а многу помал кај помоќните графички кои се и поскапи. На пример цената на Nvidia Quatro P1000 сега е 376
американски долари, а во мај била 463 долари. Падот на цена е уште поизразен
кај гејмерските модели на картички од средна категорија. На пример Asus TUF
Gaming GeForce RTX 3060 OC Edition  во мај чинеше 1531 долари, а сега чини 835
долари.

Добра вест е дека цената на графичките картички се намалува и во Европа. Разликата во падот е малку поскромна, но сепак забележителна. На пример цената која за резервација на RTX 3070 се плаќаше во мај е 1500 евра. Во јуни таа цена е 1000 евра. Сличен тренд на пад на цените на графичките картички се забележува и во САД, пренесе Tom’s Hardware.

The post Забраната за копање на криптовалути во Кина ги поевтини графичките картички appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *