Завршете си ги обврските на креативен начин, со Cultivate

-

Cultivate е апликација која би можеле да ви помогне еднаш-засекогаш да преземете здрава иницијатива и она што сте го започнале да го завршите.

На пример, доколку имате некоја активност што треба да ја правите на дневно, неделно, месечно, или годишно ниво, можете да засадите билка во саксија. Потоа, во зависност од тоа колку пати сте одредиле да ја наводнувате (читај: да ја правите активноста), вашата билка ќе биде задоволна и ќе ви се секојдневно насмејува. Но, пробајте да ја занемарите и зелените листови ќе пожолтат, а насмевката ќе се трансформира во тажен израз.

Сево ова е замислено да има одреден психолошки ефект на вас. Секоја засадена билка треба да ја именувате. Наводнувањето на билката е всушност потсетување дека активноста треба да ја направите. Гледајте да не ги разочарате.

The post Завршете си ги обврските на креативен начин, со Cultivate appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *