Заклучете ги вашите фотографии со Photok

-

Photok е апликација за вашиот паметен телефон која ви дозволува да ги „заклучите“ вашите фотографии со лозинка.

Преку Photok можете да ги импортирате сликите кои се наоѓаат во вашата направа, да ги избришете оригиналните слики кои се наоѓаат во галерија или пак, доколку се решите, одново да ги вратите фотографиите во галеријата. Со кликнување на само една икона на која има катанец, можете да започнете со шифрирање на фотографиите. Преку користење AES-256 енкрипција, можете да бидете сигурни дека никој нема да може така лесно да дојде до вашите фотографии.

Интересно е тоа што со Photok можете да наместите автоматски да се заклучат фотографиите по одредено време, да се крие иконата, како и да се избрише сè што имате во вашиот сеф со само еден допир.

The post Заклучете ги вашите фотографии со Photok appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *