Заспивајте со звуците на Atmosphere

-

Одредени луѓе имаат потешкотии со заспивање и на различни начини се справуваат со нив. Едни пуштаат тивка музика, други филм, а трети најразлични атмосферски звуци.

Апликацијата Atmosphere ви дозволува да комбинирате најразлични звуци за да ја создадете вашата идеална атмосфера, да се опуштите и подобро да заспиете. Преку апликацијата можете да пуштите да се слуша звукот на река заедно со, на пример, цврчорење на птици. Или завивање на волци во комбинација со звук на камп огин.

Atmosphere се истакнува и како апликација кја има 3D стерео звуци кои наводно помагаат за намалување анксиозност, стрес или слични психички растројства. Пред да си легнете, можете да наместите и за колку време апликацијата сама да се исклучи, како не би трошела батерија цела ноќ.

Atmosphere е бесплатна и достапна за Android, но и iOS.

The post Заспивајте со звуците на Atmosphere appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *