ИАБ Македонија започна истражување на пазарот за дигитално огласување

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, од денес започнува со спроведување на анкета/истражување за големината на пазарот за дигитално огласување во Македонија.

Анкетата/истражувањето ги опфаќа сите веб портали и маркетинг агенции со цел да се добијат прецизни податоци за распределбата на буџетите за дигитално огласување. 

Се замолуваат сите заинтересирани за учество во ова истражување да се обратат во ИАБ Македoнија на е-поштата: info@iab.mk или пак, да пополнат еден од двата прашалници, во зависност од дејноста:

  1. Доколку ста маркетинг или дигитална aгенција кликнете овде
  2. Доколку сте веб портал кликнете на овој линк

Иако најголемиот број на дејности се соочуваат со пад на учинокот како последица од пандемијата, дигиталното огласување го доживува својот пик… Согласно извештајот на ИАБ Европа за состојбата на европскиот пазар за дигитално огласување пазарот за дигитално огласување бележи годишен раст од 6,3 проценти во 2020 година.

Ерата на дигиталното огласување со раст од 6.3% во 2020

Иако целиот свет и најголемиот број на дејности се соочуваат со пад на учинокот поради ефектите на пандемијата, според извештајот на ИАБ Европа (IAB Europe) водечка асоцијација и најважен индикатор за состојбата за дигитално огласување на европскиот пазар дигиталниот адвертајзинг покажува раст од 6.3 проценти, при тоа достигнувајќи пазарна вредност од 63 милијарди евра. 

Во истражувањето кое опфаќа пазари на територијата на Европа (со исклучок на Албанија, Босна и Херцеговина, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија и Португалија), дури седум земји остваруваат двоцифрен раст на годишно ниво! Предводник е Турција со 34.8% пораст во однос на 2019 година, потоа Украина со 23.5% и Србија со 19.2%. Покрај Србија од земјите од Западен Балкан двоцифрен раст бележи и Бугарија (14.3%), Хрватска има пораст на дигиталното огласување од 8.2% во однос на 2019 година, а Словенија 2.3%. Само кај три земји, од 28 опфатени во истражувањето, се појавува пад во дигиталното огласување (Белгија, Шпанија и Белорусија). 

Пазарот за дигитално огласување учествува со повеќе од 50% во вкупното медиумско рекламирање во 13 од 28 земји, што не е изненадувачки имајќи го во предвид негативното влијание на пандемијата врз останатите канали за огласување.

Кои формати доминираат? 

Најдобри резултати на пазарот за дигитално огласување се забележуваат кај дисплеј адвертајзингот со раст од 9.1% во однос на претходната година, следен од платеното пребарување (+7.8%). Дисплејот е главно воден од растот на видео огласувањето (+16.3%) и огласувањето на социјалните медиуми (+16.5%). Видеото  надмина 50% удел од буџетите за рекламирање на 5 пазари опфатени во извештајот – Велика Британија, Италија, Германија, Франција и Русија. 

Бројки кои се навистина охрабрувачки, имајќи ги во предвид предизвиците со кои се соочија огласувачите изминатата година. Настаните од 2020 г. ја забрзаа долгорочната социо-економска трансформација која го опфаќа начинот на кој компаниите дејствуваат, а консументите трошат. 

Сето ова дава можност за забрзување на растот на дигиталното огласување уште повеќе идната година, што значи дека трансформацијата е во полн ек и тоа уште повеќе ја нагласува потребата и итноста за приспособување и прифаќање на новите текови.

Повеќе за истражувањето и извештајот на IAB Европа на следниот линк: https://www.iab.mk/era-na-digitalno-oglasuvane-so-rast-od-6-3-vo-2020/ 

The post ИАБ Македонија започна истражување на пазарот за дигитално огласување appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *