Игри кои ќе излезат во август

-

За учениците, август отсекогаш бил горчливо сладок месец каде се користат последните недели слобода за исполнителни гејминг сесии. Во случај да имате слободно време и да сакате да го искористите со некој од најновите наслови, ова се игри кои ќе излезат за месец август!

Првата недела на август

Hunter’s Arena Legends ќе биде бесплатна игра за сите PS Plus претплатници. Се работи за PvP и PvE борбена арена во стилот на Battle Royale игрите. Насловот веќе е дел од раниот пристап на Steam и прифатен е од заедницата со измешани реакции, каде само 63 % од рецензиите се позитивни. Доколку, пак, барате динамичен арена шутер со манипулација на времето, Lemnis Gate делува како наслов само за вас. Трети август се резервира и за уште една PvP игра која се вика Rocket Rumble а е обвиткана во шаренолико руво и со тркачки механики.

Петти август е резервиран за излегување на The Falconer за конзолите, како и новото DLC за играта кое се вика Edge of the World и крие нови мисии, локации и игриви класи. За истиот дел се планира излегувањето на Starmancer – уникатна симулација и стратегија која од срце ја препорачуваме на сите оние што се по градење и управување со бази.

Втората недела на август

Откако не успеаја да продадат доволно копии, Godfall сепак ќе излезе за PS4 така да имајте ја во предвид и оваа акциона RPG игра со ладни оружја доколку конзолата од претходната генерација на Sony е вашиот број 1 избор за гејминг. Но, ден пред тоа, на 9 август, излегува Glyph – симпатична игра чиј фокус е на истражување и загатки. А, оние кои имаат неодолива љубов кон косење трева, но од комфорот на нивната климатизирана просторија, можат да ја проверат Lawn Mowing Simulator, барем се додека не излезе и интересна top-down акциона игра во cyberpunk опкружување и со име Glitchpunk.

На 12 август излегува и Forclosed, футуристичка игра која е инспирирана од noir стрипови и бројни пресметки закопани под длабока приказна. Некои ја нарекуваат како Control за сиромашни луѓе, но искрено сметаме дека е нефер компарација, особено поради фактот што играта уште не е излезена. Помладата публика, неделата би можела да ја заврши со Paw Patrol: Adventure City Call, шармантна акциона авантура со примеси на чистокрвен платформер.

Третата недела на август

Како огромни фанови на Stardew Valley и Starbound, 19 август специјално го резервираме за Monster Harvest. Ова игра ви дозволува да собирате најразлични суштества, како и да одгледувате бројни растенија, градејќи ја, притоа, вашата фарма од соништата и борејќи се против бројни суштества кои не ви мислат ништо добро.

Љубителите на тркачки симулации, истиот ден можат да го поминат со адреналинстата и крајно реалистичка RiMS Racing. Оние кои се по Time Loop авантури, каде е потребно да ја спасите вашата жена и себеси, дефинитивно треба да го насочат вниманието на Twelve Minutes. Во играта постојано се враќате во времето, трудејќи се да ја промените навидум запечатената судбина.

На 20 август излегува Ghost of Tsushima Director’s Cut. Играта е значително подобрување за PS5, но и ви дозволува да истражувате целосно нов остров. Ќе биде активно и усогласување на усните со јапонската аудио поддршка. Тука некаде е и Madden 22 со нов режим за играње, враќањето на The Yard, и Superstar KO.

Последните денови од август

Август дефинитивно заминува со огромен бум, особено кога ќе замете во предвид дека крајот се резервира за две долго-очекувани игри. На 25 август излегува King’s Bounty 2 RPG стратегија која на мајсторски начин и храбро запливува во водите на истражување, авантура и turn-based битки. Тука некаде е и наследниот на една од најуникатните игри што некогаш сме ги играле – Psychonauts 2. Double Fine Productions конечно ќе нѝ дозволи одново да навлеземе во вознемирувачки умови на уште пооткачени ликови. Нема крај на носталгијата, затоа што на истиот ден излегува и Aliens: Fireteam Elite, игра која е заснована на култните Aliens филмови.

Тоа беа само дел од игрите кои ги издвоивме, а за целата листа од апсолутно се што ќе излезе во август, консултирајте се под овие редови:

  • Hunter’s Arena Legends [PS5, PS4] – 3 август
  • Lemnis Gate [PC, XSX, XBO] – 3 август
  • Rocket Rumble [PC] – 3 август
  • The Falconeer: Warrior Edition [PS5, PS4, Switch] – 5 август
  • The Falconeer: Edge of the World DLC [PC, XSX, XBO] – 5 август
  • Starmancer [PC] – 5 август
  • Glyph [PC] – 9 август
  • Godfall [PS4] – 10 август
  • Lawn Mowing Simulator [PC, XSX] – 10 август
  • Glitchpunk [PC] – 11 август
  • Foreclosed [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 12 август
  • Naraka: Bladepoint [PC] – 12 август
  • OCO [PC] – 12 август
  • Hades [XSX, XBO] – 13август
  • Paw Patrol: Adventure City Calls [PC, PS4, XBO, Switch] – 13 август
  • Shadowverse: Champion’s Battle [Switch] – 13 август
  • Greak: Memories of Azur [PC, PS5, XSX, Switch] – 17 август
  • Humankind [PC, Stadia] – 17 август
  • Pile Up! Box by Box [PS4, XBO, Switch] – 17 август
  • Out of Line [Switch] – 18 август
  • Monster Harvest [PC, PS4, XBO, Switch] – 19 август
  • RiMS Racing [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 19 август
  • Twelve Minutes [PC, XBO] – 19 август
  • Ghost of Tsushima Director’s Cut [PS5, PS4] – 20 август
  • Madden 22 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 20 август
  • Aliens: Fireteam Elite [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 24 август
  • Kena: Bridge of Spirits [PC, PS5, PS4] – 24 август
  • King’s Bounty 2 [PC, PS4, XBO, Switch] – 24 август
  • Psychonauts 2 [PC, XSX, XBO] – 25 август
  • Hotel Life [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 26 август
  • No More Heroes 3 [Switch] – 27 август
  • Book Of Travels [PC] – 30 август
  • The Big Con [PC, XSX, XBO] – 31 август
  • Crown Trick [PS4, XBO] – 31 август
  • KeyWe [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 31 август
  • Rustler [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 31 август

The post Игри кои ќе излезат во август appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *