Игри кои ќе излезат во мај

-

Со малку среќа, месецот мај ќе донесе сонце, топлина, и многу одлични игри. Враќањето во нормала од велигденските празници можете инстатно да го започнете со Dragon Quest Builders 2. Не знаеме за вас, но ние веќе почнавме да се дружиме со оваа симпатична RPG авантура која позајмува три-два (или стотици) трикови од Minecraft и ги имплементира во малку поразличен универзум каде фокусот е и на приказната, а не само на градењето.

Првиот викенд започнете го на вистински начин и пробајте да се исплашите со долго-очекуваната Resident Evil 8 Village и директно соочете се со нерационалната опсесија со висината на едната антагонистка. Имајте во предвид дека ниту трејлерот, ниту играта никако не се препорачува на лица под 18 години!

Веќе од наредната недела, Assassin’s Creed Valhalla фановите можат да се втурнат во првото содржително DLC. Wrath of the Druids ве сели во Ирска и ве соочува со безмилосен друидски култ. Ден по ова, конечно ќе можете одново да бидете освоени од најголемиот хит на Bioware. Mass Effect Legendary Edition нема да се разликува во поглед на приказната и квестовите, но ги има спакувано сите додатоци на едно место заедно со значителни графички подобрувања. Првата Mass Effect игра има претрпено најмногу промени, не само во графиката туку и во механиките при управување со возилото и борбите.

Третата недела е резервирана за излегување на Sony ексклузивата Days Gone. И покрај тоа што мислењата за оваа игра се поделени, ние апсолутно уживавме во долгата и трогателна кампања, патувањата со моторот и адреналинските битки со стотици и стотици зомби чудовишта. Токму поради тоа, однапред се радуваме што тврдокорните PC гејмери конечно ќе можат да го искусат овој наслов на начин кој не е ограничен од моќите на PS4.

При крајот на месецот излегува уште една долго-очекувана игра. Низ годините, Biomutant нѝ вети впечатливо искуство кое ретко може да се најде во некоја друга игра. Се работи за RPG игра во отворен, пост-апокалиптичен свет каде се спротивставувате на непријателите користејќи уникатни боречки способности и мутантски моќи.

Сите игри кои ќе излезат во мај:

  • The Colonists [PS4, XBO, Switch] – 4 мај
  • Dark Nights with Poe and Munro [PS4, XBO] – 4 мај
  • Dragon Quest Builders 2 [XBO] – 4 мај
  • Demeo [PC VR] – 6 мај
  • Highrisers [PC] – 6 мај
  • Metro Exodus PC Enhanced Edition [PC] – 6 мај
  • Blazing Beaks [PS4, XBO] – 7 мај
  • The Invisible Hand [PC] – 7 мај
  • Resident Evil 8 Village [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 7 мај
  • Hood: Outlaws and Legends [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 10 мај
  • Assassin’s Creed Valhalla: Wrath of the Druids [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 13 мај
  • Famicom Detective Club [Switch] – 14 мај
  • Mass Effect Legendary Edition [PC, PS4, XBO] – 14  мај
  • Quantum Replica [PS4, XBO, Switch] – 14 мај
  • Subnautica [Switch] – 14 мај
  • Subnautica: Below Zero [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 14 мај
  • Leisure Suit Larry – Wet Dreams Dry Twice [PS4, XBO, Switch] – 18 мај
  • Days Gone [PC] – 19 мај
  • Elite Dangerous: Odyssey expansion [PC] – 19 мај
  • Never Yield [PC, Switch] – 19 мај
  • Backworlds [Switch] – 20 мај
  • Grand Casino Tycoon [PC] – 20 мај
  • Just Die Already [PC, PS4, XBO, Switch] – 20 мај
  • Lacuna [PC] – 20 мај
  • Of Bird and Cage [PC] – 20 мај
  • Puzzle Bobble VR: Vacation Odyssey [Oculus Quest] – 20 мај
  • Knockout City [PC, PS4, XBO, Switch] – 21 мај
  • Miitopia [Switch] – 21 мај
  • Rust [PS4, XBO] – 21 мај
  • An Airport for Aliens Currently Run by Dogs [PC, XSX] – 25 мај
  • Biomutant [PC, PS4, XBO] – 25 мај
  • King of Seas [PC, PS4, XBO, Switch] – 25 мај
  • Maneater [Switch] – 25 мај
  • Oddworld: Collection [Switch] – 27 мај
  • 7 Years From Now [PC, Switch] – 28 мај
  • Roots Of Pacha [PC] – 28 мај
  • Song of Horror: Complete Edition [PS4, XBO] – 28 мај
  • World’s End Club [Switch] – 28 мај
  • Fallen Knight [PC] – 31 мај

The post Игри кои ќе излезат во мај appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *