Игри кои ќе излезат во јуни

-

Следи најомилениот период на помладите читатели. Летниот распуст само што не започнал, а, со него и долгите топли денови, максимално искористени за впечатливи гејминг сесии. Во случај да сеуште не сте сигурни со што да си го пополните времето, ова се најновите наслови кои ќе излезат во јуни!

Месецот можете да го започнете со најновата The Elder Scrolls поглавје кое носи целосно нова приказна, нова територија, бројна опрема и оружја од функционална и козметичка природа, како и, по првпат во оваа ММО игра, можност за водење сопатници насекаде со вас!

Истиот ден излезе и шареноликата авантура – Stonefly, како и класичната верзија на кралот на ММО водите – World of Warcraft: The Burning Crusade Classic. Првата недела од месецот, ви препорачуваме да ја завршите на висока нота и да ја проверите Sniper Ghost Warrior Contracts 2 – долго-очекуваното продолжените во уникатниот серијал кој зачинува прикадување и елиминации со реалистични примеси.

Никако не се опуштајте затоа што веќе наредната недела се очекува брутален напад од мрежната средновековна игра – Chivalry 2. За многумина, првата игра остави позитивен впечаток и се истакнува како ултимативната игра за напаѓање замоци, борење во арени, бранење села и ред други работи кои ги мачеле витезите од средниот век. Двојката ветува подобрување на апсолутно сите овие аспекти и дополнително проширување на акцијата.

Ретките, среќни лица кои успејаа да зграпчат PS5 конечно ќе можат да ја проверат Ratchet & Clank: Rift Apart. Играта ќе биде само за најновата конзола на Sony затоа што имплементира елементи за брзо патување од еден во друг свет, нешто што е невозможно без дискот кој се наоѓа во петката.

Сите игри кои ќе излезат во јуни:

  • The Elder Scrolls Online: Blackwood DLC [PC, Stadia] – 1 јуни
  • Operation: Tango [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 1 јуни
  • Stonefly [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 1 јуни
  • Super Animal Royale [XBO] – 1 јуни
  • World of Warcraft: The Burning Crusade Classic [PC] – 1 јуни
  • Hokko Life [PC] – 2 јуни
  • The Magnificent Trufflepigs [PC] – 3 јуни
  • Pro Cycling Manager 2021 [PC] – 3 јуни
  • Tour de France 2021 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 3 јуни
  • Winds of Change [Switch] – 3 јуни
  • DC Super Hero Girls: Teen Power [Switch] – 4 јуни
  • Evergate [PS5] – 4 јуни
  • The Last Kids on Earth and the Staff of Doom [PC, PS4, XBO, Switch] – 4 јуни
  • The Persistence Enhanced [PC, PS5, XSX] – 4 јуни
  • Sniper Ghost Warrior Contracts 2 [PC, XSX, PS4, XBO] – 4 јуни
  • Mighty Goose [PC, PS4, XBO, Switch] – 5 јуни
  • Chivalry 2 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 8 јуни
  • Edge of Eternity [PC] – 8 јуни
  • The Elder Scrolls Online [PS5, XSX] – 8 јуни
  • The Elder Scrolls Online: Blackwood DLC [PS5, XSX, PS4, XBO] – 8 јуни
  • Willy Morgan and the Curse of Bone Town [Switch] – 8 јуни
  • Green Hell [PS4, XBO] – 9 јуни
  • Later Daters [XSX, XBO] – 9 јуни
  • Final Fantasy 7 Remake Intergrade [PS5] – 10 јуни
  • Ninja Gaiden: Master Edition [Switch] – 10 јуни
  • One Hand Clapping [PC] – 10 јуни
  • We Are Football [PC] – 10 јуни
  • Black Skylands [PC] – 11 јуни
  • DariusBurst: Another Chronicle EX+ [PS4, Switch] – 11 јуни
  • Guilty Gear -Strive- [PC, PS5, PS4] – 11 јуни
  • Ratchet & Clank: Rift Apart [PS5] – 11 јуни
  • Lumberhill [PC] – 13 јуни
  • Roguebook [PC] – 17 јуни
  • Ender Lilies: Quietus of the Knights [Switch] – 22 јуни
  • Labyrinth City: Pierre the Maze Detective [PC] – 22 јуни
  • Super Magbot [PC, Switch] – 22 јуни
  • Fallen Knight [PC] – 23 јуни
  • Out of Line [PC] – 23 јуни
  • Alex Kidd in Miracle World DX [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 24 јуни
  • Legend of Mana [PC, PS4, Switch] – 24 јуни
  • DreamWorks Spirit Lucky’s Big Adventure [PC, PS4, XBO, Switch] – 25 јуни
  • Mario Golf: Super Rush [Switch] – 25 јуни
  • Scarlet Nexus [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 25 јуни
  • Tony Hawk’s Pro Skater 1+2 [Switch] – 25 јуни
  • Curved Space [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 29 јуни
  • Destroy All Humans! [Switch] – 29 јуни
  • Zombies Ate My Neighbors and Ghoul Patrol [PC, PS4, XBO, Switch] – 29 јуни
  • A Tale of Synapse: The Chaos Theories [PC, Switch] – 30 јуни

The post Игри кои ќе излезат во јуни appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *