Имплементирајте професионални филтри и ефекти во вашите видеа со DaVinchi Resolve

-

DaVinchi Resolve e бесплатна алатка за професионално уредување на вашите домашни видеа. Бројните филтри и ефекти кои ќе ги најдете тука никако не се за потценување и, од визуелна гледна точка, можете да направите финалното видео да се одликува со значително висок квалитет.

Пред да почнете да го употребувате DaVinchi Resolve потребно е да поминете низ кратка регистрација. Потоа, инстатно можете да започнете со наметнување најразлични филтри и ефекти на вашите видеа.

Најновата верзија на DaVinchi Resolve е значително побрза. Ако претходните верзии се вчитуваа минута-две, моментната верзија се вчитува за десетици секунди. Паралелно со ова, имате поголема слобода при организирање на вашите домашни филмови и полесно можете да ги именувате. Благодарение на Live Save функцијата, пак, не мора повеќе да се грижите дека ќе ја изгубите вашата работа во ситуации вашиот компјутер да замрзне или да се исклучи.

The post Имплементирајте професионални филтри и ефекти во вашите видеа со DaVinchi Resolve appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *