Истражувајте го ноќното небо со Stellarium

-

Stellarium e апликација за вашиот телефон. Претпоставуваме дека повеќето од вас се запознаени со PC верзијата преку која го истражувате ноќното небо директно од вашиот екран. Но, што доколку посакате да излезете надвор и да дознаете како се викаат ѕвездите, планетите и небесните тела во правецот во кој гледате?

Едноставно вклучете ја апликацијата, покажете со телефонот накај ѕвездите и ќе добиете интересни податоци за идентификаното. Најновите надополнувања за апликацијата го прават целото искуство побрзо и поефикасно, како и подобри пресметки и временски ленти за зајдисонце и изгрејсонце поврзани со вашата локација.

Stellarium е апликација која е достапна и за Android и за iOS. За жал, само за Android системот e бесплатна апликацијата. Доколку имате направа во која има вдомено iOS, тогаш мора да платите еднократна цена од околу 10 евра. За возврат, можете да следите сателити, како Меѓународната Вселенска Станица, а и да гледате тродимензионални модели од ѕвезди.

The post Истражувајте го ноќното небо со Stellarium appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *