Како работи хуманоидниот робот Atlas

-

Boston Dynamics од неодамна се дел од Hyundai, но по се изгледа работата на тимовите не се променила. Роботот Atlas и четириножните роботи и натаму се фокус на компанијата. Неодамна објавија кусо видео во кое може да се види како работат на хуманоидниот робот и кои се плановите за иднина. Во моментов роботот Atlas нема комерцијална употреба, а развојниот тим на Boston Dynamics го користи за тестирање и развој на нови функционалности.

За разлика од финалните видеа во кои може да видиме дел од можностите на роботите, во ова видео може да видиме и како се надминуваат грешките или оштетувањата на роботот.

The post Како работи хуманоидниот робот Atlas appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *