Кико е синтетизиран глас за првиот дигитален читач на македонски јазик

Кико е синтетизиран глас, додаток, за аудиочитачот RHVoice и овозможува користење на паметни телефони или десктоп компјутери со глас синтетизиран на македонски јазик. Гласот е проширување на постоечки софтвер и може да им помогне на околу 10 000 лица со оштетување на видот.

Креатори на „Кико“ се Кристијан Лазаров и Ертај Шашко. Ертај е инженер по информатички технологии, а Кристијан е јазичар што е одлична комбинација за развој на синтетизираниот глас. Додатокот е изработен во соработка со Министерството за труд и социјална политика, и УНДП.

Кристијан и Ертан и самите имаат оштетување на видот и активно користеле аудиочитачи. Нивната желба да ги користат на македонски јазик на крај ја реализираа самите.

– Откако го запознав Кристијан, едно од првите мои прашања беа: „Зошто ние немаме наш, синтетизиран глас за македонски јазик?“ Тој ми кажа дека претходно имало четири или пет неуспешни обиди, па тоа беше дополнителна мотивација и на некој начин притисок дека нема простор за неуспех доколку се нафатиме да истуркаме таков проект докрај – вели Ертај во интервју за Факултети.

Кико е прв синтетизиран глас на македонски, но сега кога ја имаат базата се надеваат дека наскоро ќе додадат повеќе гласови кои ќе звучат поинаку. Покрај македонскиот јазик на апликацијата наскоро треба да и биде додаден и албанскиот глас (Хана).

Како да го користите Кико

На Android „Кико“ е достапен како додаток на RHVoice. Корисникот најпрво ја инсталира апликацијата RHVoice. Потоа од менито за инсталирање на јазици треба да го додаде македонскиот јазик (Кико). Ова воопшто не е сложено, а RHVoice се отвора на екранот со јазици, што дополнително ја олеснува работата.

Дури потоа од менито за „Поставки“ се одбира „Пристапност“ па „Излез текст-во-говор. Во претпочитан софтвер одберете RHVoice.

Исклучително важно е пред промената на гласовниот синтетизатор корисникот да го инсталира „Кико“ на RHVoice. Никако не смее да се промени говорниот синтетизатор пред инсталирањето на гласот Кико преку апликација RHVoice, инаку телефонот може да престане да „зборува“.

NVDA додаток

Корисниците на NVDA (NonVisual Desktop Access) можат да го инсталираат RHVoice и тука повторно да го инсталираат гласот Кико. Верзијата на RHVoice за NVDA е достапна на следниот линк:

Преземете го RHVoice додатокот за НВДА

По инсталирањето и пред рестартирањето на говорниот програм корисникот треба да го инсталира гласот Кико. Најновата верзијата на Кико за NVDA е достапна на следниот линк:

 Последната верзија на гласот Кико за НВДА

SAPI-5 интерфејс

Гласот Кико е достапен и преку SAPI-5 и може да се преземе од тука:

Преземете ја последната верзија од Kiko SAPI-5 овде

Инсталацискиот фајл нема дополнителни побарувања и ќе инсталира сѐ што е потребно. Откако ќе заврши инсталирањето, потребно е да се притисне копчето „затвори“ и да се рестартира говорната програма. На крај од гласот за синтеза се одбира RHVoice.

The post Кико е синтетизиран глас за првиот дигитален читач на македонски јазик appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *