Кина го ограничи играњето видеоигри за децата на три часа неделно

-

Со цел да се справи со зависноста од видеоигри кај тинејџерите Кина го ограничи периодот  во кој ќе може да играат. Децата помлади од 18 години ќе можат да играат видеоигри само три часа во неделата: во петок, сабота и недела од 20 до 21 часот и за време на државни празници.

Одговорни за спроведување на законот ќе бидат гејминг платформите како Tencent Holding и NetEase Inc. Ограничувањето на времето за видеоигри не е новитет, но досега децата можеа да играат час и половина дневно.

Дури 62,5 проценти од кинеските малолетници често играат видеоигри, а над 13,2 проценти играат повеќе од два часа во денот, пренесе Reuters.

Ограничувањето се однесува на сите платформи од конзоли за видеоигри до паметни телефони. Компаниите нема да смеат да овозможат никакво играње надвор од овие часови и ќе мора да обезбедат некаков начин за проверка на вистинскиот идентитет на корисниците.

Како и дали воопшто може да се креира вистински забрана и проверка е тешко да се претпостави. Децата би можеле да едноставно да ги користат профилите на своите родители за да играат и без ригорозна контрола во реално време ова би било тешко да се проверува и спроведува.

Во 2018 компанијата Tencent започна да користи технологија за одредување на возраста преку препознавање на ликот. Тогаш ова се користеше за ограничување на креирање на профили за играчи кои не ја исполнуваат старосната граница за играње на која видеоигра. Интересно и оваа технологија беше креирана за ограничување на времето кое децата го поминуваат во играње а видеоигри.

Последиците од носењето на законот се почувствуваа и финансиски. Акциите на берзата на Tencent, NetEase, но и компании кои се поврзани со нив речиси веднаш паднаа. Проценката е дека само во 2021 кинескиот гејминг пазар ќе придонесе со 45,6 милијарди долари заработка и со тоа е дурии пред САД.

The post Кина го ограничи играњето видеоигри за децата на три часа неделно appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *