Комплетирана македонската Еспорт репрезентација за Светското првенство во Израел

-

Македонската еспорт репрезентација, минатиот викенд го доби комплетниот состав кој ќе учествува на Светското еспорт првенство. Македонските натпреварувачи ќе учествуваат во четири дисциплини Counter Strike: Global Offensive, Dota2, PES21 и Tekken7.

Шестата сезона од Прва македонска еспорт лига се одржа во јуни и јули 2021 година. Државното првенство во еспорт, препознатливо под насловот „Скопје ОПЕН”, беше поддржано и помогнато од Град Скопје. Македонската еспорт федерација, во соработка со Еспортс.мк, го организираше Националното еспорт првенство и квалификации за учество на Светското првенство во еспорт, кое годинава ќе се одржи во Израел.

Се играше во четири дисциплини во кои победија:

  • DOTA2: Blade Esports
  • CS:GO: GOOD GAME
  • PES21: Давид Гаревски
  • Tekken7: Стефан Глигоров

Првото место во Dota2 заслужено го освои тимот BLADE Esports кој во финалето ги порази CRYSIS со 2:0 во мечеви. Во оваа дисциплина се натпреваруваа осум официјални македонски тимови. Игор „Stojkov“ Стојков, во моментов е рангиран на 48-то место по MMR во Европа и доминираше за време на двата меча.

Во CS:GO, тимот Good Game успеа да ја освои титулата победувајќи го охридскиот тим ЕNTITY со 2:1 во мечеви. Станува збор за два тима со вистинско еспорт „педигре”, со искуство на меѓународни натпревари и затоа беше повеќе од јасно дека нивната борба за пласман во Израел ќе биде жестока.

Првото место во дигиталниот фудбал PES21 повторно го освои повеќекратниот победник Давид Гаревски, кој во финалето се соочи со Јакуп Максути. Беа одиграни два меча со резултат 5:4 и 5:2 во корист на Гаревскиобезбедувајќи си го пласманот во Израел.

Виртуелните боречки вештини втора година се дел од официјалните натпревари. Најподготвен беше Стефан „Rogue_Identity“ Глигоров, кој го совлада Симеон „RFD_Spades“ Двојаков.

Подготовките за Светското Еспорт Првенство во Израел се во тек. Да навиваме за нашата еспорт репрезентација!


Македонската еспорт федерација е формирана 2009-та година и е членка на Меѓународната еспорт федерација, на Европската еспорт федерација и на Светскиот конзорциум за еспорт. Досега наши учесници биле дел од 11 светски првенства и веќе 6-та година организираме Национална еспорт лига.

The post Комплетирана македонската Еспорт репрезентација за Светското првенство во Израел appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *