Маици со QR-код наместо вакцинален пасош

-

Пред десетина години на ИТ.МК можевте да прочитате едукативен текст за QR-кодовите, а денес може да дознаете уште една помалку инвентивна примена.

Печатницата Bim Design на заинтересираните купувачи им овозможува да купат маица со QR-кодот кој покажува дека се вакцинирани. Овие кодови може да се скенираат и да се користат како доказ за примена вакцина. Маичките се едноставни, бели, и на ракавите и на местото за џеб е отпечатен кодот. Дали маиците навистина ќе може да се користат за влегување на различно локации, ќе треба да почекаме и да видиме.

Веројатно сите на кои ова им изгледа на добра идеја треба да се запрашаат дали е паметно јавно да ги споделат податоците за вакцинирање. Дополнително, иако нема премногу лични податоци на кодот на маиците сепак барем името и презимето може да го идентификуваат човекот кој ја примил вакцината. Друг податок кој е директно достапен од кодот е времето на вакцинирање и која е вакцината која ја добил корисникот.

QR-кодовите не се воопшто нови. Активно се користат од 1994 година. За своите потреби ги креира Denso-Wave компанија-ќерка на Toyota. Во нив може да се енкодира текст, URL, па дури и да се компонира електронска порака. Ова овозможува да се употребат насекаде, дури и за маици кои се замена за вакцинален пасош…

Секој корисник со мобилен уред и камера може да го декодира QR кодот и да ја добие информацијата. Сите паметни телефони имаат баркод читачи, а за оние кои немаат, за нив има многу апликации кои можат да се симнат бесплатно за да може да се прочитаат кодовите.

За анти-ваксерите да не се почувствуваат изоставени Bim Design подготви маици и за нив. За истата цена е достапна и маица со нешто поинаков дизајн…

The post Маици со QR-код наместо вакцинален пасош appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *