Набљудувајте го ноќното небо со The Sky

-

The Sky by Redshift: Astronomy e релативно нова апликација, за вашиот iOS или Android телефон, со која можете да го истражувате ноќното небо, независно од тоа дали сте почетник или ветеран на полето на астрономијата.

Едноставно покажете со вашиот телефон накај ноќното небо за да добиете инстантен увид за ѕвездите и соѕвездијата, како и да идентификувате планети, месечини, комети и сателити. Со апликацијата, можете и да ги следите движењата на небесните тела! За ефикасна работа, апликацијата се одликува со над 9000 ѕвезди, 88 соѕвездија, 100 месечини, астероиди и комети, како и 200 објекти.

И двете верзии се бесплатни за користење, но доколку решите да се претплатите за нешто повеќе од 200 денари, годишно, рекламите ќе бидат отстранети и ќе ви бидат отклучени екстра работи.

The post Набљудувајте го ноќното небо со The Sky appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *