Неколку неверојатни deepfake видеа

-

Deepfake видеата стануваат толку добри и софистицирани што нивното разликување од вистински снимените видеа станува проблем.

Deepfake е технологија која со манипулација на видео креира ликови кои не постојат, или креира видеа од луѓе кои постојат, но прават или зборуваат работи кои никогаш не се случиле. Вештачката интелигенција се тренира со сет слики да пронајде сличности помеѓу моделот и ликот кој треба да се замени за потоа да креира веродостојно видео.

За препознавање на deepfake од креирано видео се користи друга вештачка интелигенција која се тренира да препознае лажно видео. Сепак начинот на кој се подобрува оваа технологија е слична со вирус/антивирус напредокот. Најпрво се подобруваат deepfakes видеата, па потоа вештачката интелигенција која ги препознава.

Без сомневање има и подобри видеа, но разликувањето од вистински снимено видео до овие видеа е навистина тешко во некои делови од видеата. Deepfake видеото на Морган Фримен е креирано од Боб Дејонг. Видеото на Том Круз е креирано од VFXChris Ume. Последното видео е објавено од mr_rosh на Reddit.

The post Неколку неверојатни deepfake видеа appeared first on IT.mk.

Categories:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *