Нема содржина, нема проблем, Amazon е во преговори за MGM

-

Без сомневање содржината на еден стрим сервис е најважна при
изборот на корисниците на кого да му ја „дадат“ својата претплата. Netflix, HBO Go, Amazon, Disney+, Apple
TV се натпреваруваат за корисниците, а најважно за ова се филмовите и
сериите кои се достапни на платформите.

Amazon веројатно не е првиот сервис за стриминг на кој ви текнува кога содржината е во прашање, но ова би можело наскоро да се промени. Компанијата е во преговори за купување на MGM, а сумата која компанијата е подготвена да ја плати е помеѓу 7 и 10 милијарди долари, вели Variety. Сумата е висока, но неодамна дознавме дека Amazon Studios за само една сезона на Lord of the Rings ќе плати 465 милиони долари.

Ако се реализира, со оваа аквизиција библиотеката на Amazon ќе се зголеми за над 4000 филмови и 17 000 часа ТВ-програма. James Bond, The Handmaid’s Tale, Rocky, Stargate, Robocop, Legally Blonde, Vikings, Fargo, Shark Tank се дел од содржината која е креирана од MGM.

Засега претставници на Amazon и MGM немаат коментар за можниот договор. Според извори на Information напредокот на преговорите е непознат, и можеби воопшто нема да има договор.

Од 200 милиони претплатници на Amazon Prime, над 175 милиони стримале Prime Video содржини во последната
година.

The post Нема содржина, нема проблем, Amazon е во преговори за MGM appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *