Нов веб-сајт и стратегија за безбедност за побезбедни избори

-

Државната изборна комисија го усвои и го претстави стратешкиот план за информатичка технологија и истовремено ја претстави новата веб-страница на Државната изборна комисија која е достапна од денес.

Според планот се предлага креирање на безбедносна група во која ќе бидат вклучени експерти од различни полиња. Од Министерството за внатрешни работи ќе се вклучат вработени од Секторот за сајберкриминал, а во групата ќе бидат вклучени и: претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци; претставник од интернет-сервис; раководителот на ИТ-секторот на ДИК; претставник на ДИК за односи со јавноста; претставници од факултетите за компјутерски науки; независни експерти од областа.

Задачите на ова координативно тело се организација не меѓуинституционална комуникација, заедничка процена на ризиците и можните ризични сценарија, координација на комуникација со јавноста и обезбедување информации за гласачите, креирање механизам за прeвенција и реакција врз основа на препознаени ризици, обезбедување на независна ревизија на имплементирање на безбедносни мерки од страна на ДИК и спроведување на заеднички вежби, вели Дитмире Шеху, потпретседателка на Државната изборна комисија.

Предлогот доаѓа една година по нападите врз серверот на  Државната изборна комисија во време на парламентарните избори 2020. Тогаш неидентификувана група го оневозможи пристапот до сајтот на Државната изборна комисија. Страницата беше недостапна неколку дена веројатно во единствениот период кога ова беше недозволиво.

Овој пат преку заедничка координација на повеќе тела треба да се намали опасноста од овие напади, но истовремено и да се подобри одговорот, кој минатиот пат не постоеше. Со спојување на претставници на повеќе експертски групи, не само што треба да се подготват тимовите да одговорат на предизвикот, туку треба и да се зголеми и комуникацијата и транспарентноста во случај на повторен напад.

Локалните избори се закажани за 17 октомври што на безбедносната група и остава 2 месеци за формирање, креирање на механизми за спречување и реакција, како и за организирање на заеднички вежби.

The post Нов веб-сајт и стратегија за безбедност за побезбедни избори appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *