Основачот на Nikola Motor Company обвинет за измама

-

Oсновачот на компанијата за производство на електрични камиони и пикап – Nikola, Тревор Милтон е обвинет за измама. Компанијата лажеше дека развојот на Nikola One камионот е во напредна фаза и благодарение на ова собра инвестиција од над 500 милиони долари, вели Verge. Г. Милтон по објавите за измама минатата година, од септември не е дел од Nikola.

Компанијата лажно претставуваше во кој дел од развојот на камионите се во моментот. Камионот беше рекламиран како подготвен да биде лидер на пазарот, а всушност не беше ниту блиску да производство. Од компанија тврдеа дека сопственото решение за водородни ќелии ќе биде поевтино од конкуренцијата, а притоа немаа никакви водородни батерии, ниту работеа на развој. Компанијата дури креираше лажни видеа за да ги заинтересира инвеститорите. Во едно такво видео мислевме дека Nikola One се движи сам, но за потребите на демото камионот беше оставен да се спушта по удолница. За безбедносните потреби при снимање на видеото беше изваден дури и моторот.

Ситуацијата беше дури и полоша. Ниту еден од системите на камионот од мотор до командна табла не беше напојуван од батериите на камионот. Наместо ова електричната енергија доаѓаше од надворешни извори. Nikola за малку ќе стасаше до 2 милијарди инвестиција од General Motors, но веста за измамата излезе навреме. Во истата недела во која General Motors најави дека ќе инвестира 2 милијарди долари во Nikola, компанијата беше обвинета за измама.

Споменатото видео во кое Nikola One се спушта по надолница

Во 2018 Nikola ја обвини Tesla дека ја користат нивната технологија во камионот Tesla Semi. Тогаш од Tesla побараа оштета од 2 милијарди долари.

The post Основачот на Nikola Motor Company обвинет за измама appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *