Поголема контрола врз вашите системски прозорци со WindowTop

-

Претпоставуваме дека низ годините имате точно зацртано како да управувате со повеќе прозорци кои се отворени од еднаш. WindowTop е алатка која само се надоврзува на овие ваши навики и нуди пофлексибилни можности за справување со прозорците.

Најновата петта верзија на WindowTоp ви дозволува да ги намалите прозорците до степен на thumbnail, а потоа да ги поставувате каде било низ работната околина, да местите едни прозорци секогаш да бидат врз сите други, а трети да бидат транспарентни. Преку прочистениот дизајн на апликацијата, можете да местите и кратенки за тастатурата.

За жал, најмногу добивате со Pro верзијата на WindowsTop. Имено, тука се наоѓа и најпосакуваната опција picture-in-picture која ви дозволува да гледате видеа во прозорците кои сте ги намалиле. Професионалната верзија чини нешто повеќе од 5 евра, а нуди три лиценци за PC. Добрата страна е што имате бесплатен пробен период од месец дена.

The post Поголема контрола врз вашите системски прозорци со WindowTop appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *