Поголема контрола врз прозорците со SmartSystemMenu

-

Секојдневно отвораме стотици прозорци, им ја менуваме големината, ги шетаме лево-десно, ставаме во преден план еден прозорец само за да го смениме со некој друг набргу. Сево ова знае да биде исцрпувачко, особено кога работите со ограничувачките можности во Windows оперативниот систем. Имено, десен клик на еден прозорец нуди опција за менување на положбата, минимизирање, максимизирање и затворање. Ништо повеќе.

Со SmartSystemMenu добивате многу повеќе. Првата опција која е за пофалба е Always On Top. Ова ви дозволува да направите одреден прозорец секогаш да е во прв план и да се постојано прикажува над сите други. Одлично за време на конференции кога сакате постојано да го гледате лицето со кое зборувате или пак додека гледате некое видео и манипулирате со одредени едноставни активности.

Во ситуации на бројни прозорци отворени од еднаш, можете да ја користите SmartSystemMenu за да ги организирате сите прозорци од девет понудени десктоп позиции. До таквата опција доаѓате преку Alignment.

За крај, најновата верзија на SmartSystemMenu ви дозволува автоматски да им ја менувате големината на отворените прозорци, според ваши претходно-одредени димензии. На овој начин, доаѓате до вашиот идеален распоред за секунда-две.

The post Поголема контрола врз прозорците со SmartSystemMenu appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *