Подобро справување со clipboard историјата со CopyQ

-

Во случај да често се наоѓате во ситуација како треба да копирате и префрлувате најразлични параграфи текст или слики, тогаш алатки како CopyQ се повеќе од задолжителни. Имено, алатката се интегрира со Windows clipboard и секојпат кога ќе селектирате некој текст и ќе го копирате (Ctrl+C), таквото нешто се внесува во clipboard историјата.

Понатаму, секој пат кога ќе се јави потреба да префрлите некој од вака-сочуваните параграфи, односно слики, кликнувате на CopyQ иконата или соодветната кратенка и избирате што од сочуваното да се префрли со претискање на комбинацијата од копчиња Crtl+V. Стискање Ctrl + F ви дозволува да пребарувате низ целата историја. Најновата верзија на CоpyQ се одликува со значително поефикасно пребарување по зборови, можности за користење тагови, но и бројни јазичиња за полесен пристап до копираното.

The post Подобро справување со clipboard историјата со CopyQ appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *