Поминаа шест месеци од лансирањето на PlayStation 5

-

Шест месеци како одредени гејмери уживаат во предностите на PlayStation 5. Уште на самиот почеток, конзолата се покажа како исклучително моќен продукт кој крие огромни потенцијали.

И покрај тоа што е исклучително тешко (читај: скапо) да се дојде до PS5, Sony успеаја од ноември да продадат 9 милиони конзоли, за четири милиони конзоли повеќе од Xbox Series X|S! Иако е потврдено дека се работи на зголемување на бројот на конзоли, скалперите и понатаму се немилосрдни и користат најразлични методи за да зграпчат што е можно повеќе конзоли и да ги продаваат за двојно, па и тројно повисока цена од препорачаната. Во Македонија, PS5 се прoдава по огласи за 1000 евра и во неколку продавници по цена од 850, односно 900 евра. Препорачаната цена на PS5 е 500 евра. Дали знаевте дека веќе се работи на нов модел?

Where to Buy the PlayStation 5: UK PS5 Re-Stock Updates

PS5 се покажа како повеќе од одлична конзола која ги прикажува игрите во нивната целосна графичка слава. Во поглед на револуционерни остварувања, патот се поплоча со неодамна излезената Ratchet & Clank: Rift Apart. Ова е прва игра за PS5 која максимално го користи хардверот, особено супер брзиот SSD, за да се овозможи молневито брзо патување низ светови. Целото искуство е надреално и навистина остава впечаток на игра посебно скроена за новата генерација на конзоли. За жал, ситуацијата со корона вирусот си го направи своето и не видовме премногу храбри и револуционерни експериментирања со целосните потенцијали на хардверот, но тоа никако не значи дека PS5 е за потценување. Постарите игри се апсолутно импресивни, се играат и до 120 фрејмови-во-секунда, а посебна димензија се дава со вклучена Ray tracing технологија.

PlayStation 5 конзолата, меѓутоа, никако не е без проблеми и одредени корисници се жалат и предупредуваат конзолата никако да не се става во Rest режимот на работа затоа што може да предизвика ненадејни замрзнувања/ исклучувања, коримпирани save фајлови и ред други главоболки. Како да ова не е доволно, многумина корисници се жалат од прегревање на конзолата, искусување Dualsense drift синдромот каде контролерот се мрда сам-од-себе, често нема конекција до PlayStation Network, неможност правилно да се поврзе камерата или соодветно да се инсталира одредена игра. Ова се проблеми кои можеби се оправдани во првите шест месеци од постоењето на конзолата и, како поминува времето, така проблемите ќе се искоренуваат.

Кое е вашето мислење? Кога би можеле, дали би купиле PS5, или повеќе ја меркате конзолата на Microsoft? Немојте да нѝ кажете дека сте од оние кои целосно веруваат во PC master race филозофијата? 🙂

The post Поминаа шест месеци од лансирањето на PlayStation 5 appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *