Прв оскар за гејминг индустријата и Facebook

-

Facebook и видеоигрите го добија првиот оскар. Краткиот документарен филм Colette од Oculus VR и Respawn Entertainment на EA го добри Оскарот за краток документарен филм.

„Colette“ го следи првото патување во Германија по 74 години на 90-годишната Колет Марин-Катерин, член на движењето на Отпорот кое во Втората светска војна делуваше во Франција. Филмот е дел од видеоиграта „Medal of Honor: Above and Beyond“. Во играта гејмплејот е испреплетен со неколку кратки филмови фокусирани на приказните на ветераните од Втората светска војна.

„Уште како дете знаев дека видеоигрите се нешто посебно. Од постојаната еволуција на механиката на игрите; уметнички стилови кои ги предизвикуваат техничките ограничувања; извонреден дизајн на звук и емотивни приказни кои ја заробуваат имагинацијата и во целост во потопуваат во ова искуство; игрите нудат некои од најдобрите сценарија, глума, музика и анимација. Тие се уметнички дела. Несомнено тоа не било никогаш појасно отколку вечерва, кога индустријата за видеоигри го доби својот прв Оскар“, вели Мајк Доран од Oculus.

Издавач на „Colette“ е Guardian. Филмот е бесплатно достапен за гледање на веб-страницата на Guardian, YouTube и Facebook Oculus TV.

The post Прв оскар за гејминг индустријата и Facebook appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *