Преку фриленсинг до помош за самохраните мајки во Македонија

Од 13-ти до 30-ти септември преку меѓународната платформа за донации globalgiving.org, Импакт Фондација започна донаторска кампања наменета за собирање средства. Средствата ќе бидат наменети за поддршка на најмалку 10 самохрани мајки да се обучат како фриленсери и да започнат кариера на некоја од претпознатливите фриленсинг платформи.

Целта се однесува на обезбедување на обуки за фриленс работа кои би помогнале на оваа категорија граѓани да обезбедат достојна заработка. Дополнително, ова би овозможило флексибилно работно време за самохраните мајки, кои честопати се соочуваат и со недостаток на време за нивните деца. Секој индивидуалец може да ја подржи кампањата донирајќи на следниов линк.

Согласно најновите светски и локални податоци во поголем број земји во светот, самохраните мајки претставуваат 80 до 90 проценти од самохраните родители. Во 2020 година 4.371 самохрани родители во Република Северна Македонија аплицирале за некаква финансиска помош од страна на државните институции. Овие податоци говорат дека многумина самохрани родители имаат проблеми да обезбедат соодветни средства за израснување на нивните деца.

Импакт Фондацијата цели да помогне на ранливите категории на граѓани во земјата преку проектот, вклучувајќи ги и самохраните мајки. Недоволно посветено внимание и негирање на постоењето на проблеми кај самохраните мајки доведе до создавање на донаторската акција.  Со тоа би се овозможило еднакви шанси и пристап до меѓународен пазар и за оние кои немаат доволно средства за покривање на едукативни трошоци.

Како дел од еден поголем проект, Импакт Фондација ќе соработува со поголемите тренинг центри во земјата за создавање на едукативни модули кои специјално ќе бидат насочени кон обука за фриленсинг, опфаќајќи и технички познавања како и меки вештини.

Импакт Фондација е фондација за развој на приватниот сектор преку континуирана промоција на одржлив развој. Работи на полето на зелени економии, одржлив туризам и иновативни технологии со пристап за развој на пазарните системи. Воедно Импакт Фондација се грижи и за општествената благосостојба,

Донаторската акција ќе се одвива од 13-ти до 30-ти септември преку меѓународната платформа за донации globalgiving.org.

Проектот можете да го најдете на: https://www.globalgiving.org/projects/empower-single-mothers-in-macedonia-in-freelancing/


Ова е гостински текст на Фондацијата Импакт која е и организатор на кампањата за обезбедување на обуки за фриленс работа кои би помогнале на самохраните мајки да обезбедат достојна заработка.

The post Преку фриленсинг до помош за самохраните мајки во Македонија appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *