Релаксирајте се со играта Towers: Relaxing Puzzle

По исклучително долг и напорен ден, понекогаш сè што сакате е да поминете малку време со релаксирачка игра. Towers: Relaxing Puzzle се одликува со минималистички дизајн, едноставни механики и пријатна музика.

Во оваа игра, целта е да ги турнете кулите кои се составени од две или повеќе коцки. Притоа, потребно е да внимавате на редоследот на кој ги туркате кулите, како и на собирање дијаманти кои се наоѓаат низ површината која, исто така, е составена од коцки. Нивоата се едноставни и, лишени од било каков временски притисок, можете релаксирано да експериментирате за да дојдете до најидеалното решение.

Нормално, оние кои се опуштаат само кога се под огромен притисок (да, има и такви :), би можеле да пробаат некој од двата потешки режими. Во еден режим ограничени сте во поглед на дозволени потези, а во другиот режим времето ве брка и морате да размислувате екстра брзо.

Како напредувате низ Towers: Relaxing Puzzle, така и можете да отклучувате десетици скинови кои го менуваат изгледот на целата игра.

The post Релаксирајте се со играта Towers: Relaxing Puzzle appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *