Роботот Spot добива конкуренција од Xiaomi

-

Кинескиот гигант Xiaomi не забавува. Компанијата сега претстави робот кој ќе биде конкуренција на робо-кучето Spot од Boston Dynamics.

„CyberDog е прв обид на Xiaomi за четири ножните роботи со наменет за поддржувачите на отворен код и за развивачите насекаде“

За разлика од Spot кој веќе има некаква комерцијална примена, роботот на Xiaomi се чини како да е многу повеќе наменет за ентузијасти кои започнуваат да се занимаваат со роботика. Тука веројатно може да се побара и причината за релативно ниската цена од 1540 долари за првите 1000 роботи. Секако 1540 долари не се малку пари, но се значително помалку од 74,5 илјади колку што чини Spot.

Што се однесува до изгледот робот делува на црна копија на Spot. Моторите кои се користат за задвижување изработени од Xiaomi. „Мозокот“ на машината Jetson Xavier™ NX е дело од NVIDIA. Платформата доаѓа со 384 CUDA јадра, 48 Tensor јадра, 6 Carmel ARM чипови и 2 „deep learning“ енџини. Ова овозможува обработка на сите влезни податоци од сензорите во реално време без никаков проблем. Што се однесува до сензорите, на роботот има 11 кои помагаат во движењето. CyberDog има сензори на допир, камери, ултразвучни сензори, GPS модул и повеќе други различни сензори кои помагаат да ја „разгледа“ околината.

Роботот постојано ја анализира околината и креира соодветни мапи за навигација кои помагаат во движењето и избегнувањето на препреките при движењето. Системот кој го користи CyberDog овозможува избегнување на пречки со точност во сантиметри. Покрај ова роботот може да го препознае гласот и ликот на сопственикот, што овозможува гласовно активирање и следење на корисникот како вистинско куче.

The post Роботот Spot добива конкуренција од Xiaomi appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *