Сите игри кои се прикажаа на PlayStation Showcase 2021

Вчера, во 22:00 часот, започна PlayStation Showcase 2021. Со недели, имаше огромен хајп зад настанот и многу PS фанови со нетрпение чекаа да видат кои игри ќе се откријат или прикажат во повеќе детали. Од Sony не разочараа и успеавме уште подобро да се запознаеме со едни од најочекуваните наслови, како и да бидеме запрепастени од 1-2 крајно неочекувана игра. Но првин, погледнете ја најновата реклама за PS5.

Игри кои се прикажаа на PlayStation Showcase 2021

  • Marvel’s Spider-Man 2 се надоврзува на настаните од Miles Morales играта. Во оваа игра, Питер и Мајлс ги здружуваат силите против Веном
  • Од истото студио кое стои зад Marvel’s Spider-Man 2, доаѓа и игра која, според зборовите на Insomniac, студиото отсекогаш сакало да ја направи – Marvel’s Wolverine!
  • Феноменален гејмплеј приказ за една од најочекуваните игри – God of War Ragnarok! Преку видеото се гледа дека Атреас е потпораснат, а Тор доаѓа на големата врата
  • За само шест месеци, доаѓа и Gran Turismo 7. Видеото е вистинско љубовно писмо за сите долгогодишни фанови.
  • Uncharted: Legacy of Thieves Collection е пример за тоа како две најави се пакуваат во еден пакет. Се работи за римастер кој ги содржи Uncharted 4: A Thief’s End, и Uncharted: The Lost Legacy. Колекцијата од овие два римастери доаѓа и за PS5 и за PC.
  • Star Wars: Knights of the Old Republic Remake беше една од најударните вести за време на целиот настан. За работи за чистокрвен римејк на еден од најголемите хитови на Bioware. Целата игра се прави од почеток, а студиото Aspyr ветува дека се водат од желбата да ја пренесат истата приказна во модерно, технички-потковано опкружување.
  • Tchia се рекламира како егзотична авантура во отворен свет која е инспирирана од група француски острови.
  • Grand Theft Auto 5 ќе дојде на PS5, но подоцна од предвиденото. Во март 2022, соло и мултиплеер компонентите од оваа игра ќе бидат подновени со бројни технички и гејмплеј подобрувања.
  • Forspoken остава впечаток на една од најуникатните игри кои беа прикажани на настанот. Челни писатели од Uncharted серијалот работат на нешто што се заканува да биде феноменална епска фантазија.
  • Ghostwire: Tokyo e уште една интересна игра која е под чадорот на Bethesda. Се претпоставува дека ова е најверојатно нивната последна игра која ќе излезе за PS5, со оглед на тоа дека од неодамна Microsoft ја купи Bethesda и ја користи секоја прилика да каже дека идните наслови ќе бидат ексклузиви за Xbox.
  • Tiny Tina’s Wonderlands е Borderlands spin-off, но во фантазиски свет, доста слично на едно DLC за Borderlands 2. Гејмплеј приказот открива многу работи за најновата игра на Gearbox и едвај чекаме да ја провериме на 25 март.
  • Marvel’s Guardians of the Galaxy е третата Marvel игра која беше прикажана на настанот. Оваа акциона авантура е од тимот кој стои зад Marvel’s Avengers, но, за разлика од таа игра, Guardians нема да биде бомбардирана со микро трансакции.
  • За крај, чисто да не нѝ е мака, се провлече уште еден трејлер за Deathloop. Оваа пукачка игра со time-loop механика на Bethesda, излегува на PS5 за само 5 дена.

The post Сите игри кои се прикажаа на PlayStation Showcase 2021 appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *