Следете ги сите ваши претплати со Billbot

-

Во дигиталното време, нема крај на претплатите. Netflix, Spotify, Xbox Game Pass, Prime Gaming, Audible, Comixology Unlimited и десетици и десетици други. Токму поради тоа, лесно може да се случи да се претплатите на нешто, да заборавите на тоа и да оставите претлатата да си тече со месеци, па дури и години.

Billbot е феноменална апликација која поддржува над 200 сервиси за претплата. Да, добро прочитавте, има над 200 претплатнички услуги, а оние што ги нема можете вие самите да си ги внесете преку копчето New. Откако ќе внесете некоја претплата, ќе добивате потсетници кога ќе настапи наредната месечна или годишна наплата, за да можете навремено да реагирате доколку не сакате повеќе да користите некоја услуга. Нѝ се допаѓа и тоа што има детален извештај за тоа колку пари се трошат за претплати на месечно, односно годишно ниво, а можете и да си ја менувате валутата во онаа која највеќе ви одговара.

Подразбирливо, Billbot е одлична апликација и за водење евиденција за одредени фиксни сметки како интернет, телефон, телевизија, и слично.

Повеќе информации за апликацијата и нејзино преземање за Android и iOS направи имате тука!

The post Следете ги сите ваши претплати со Billbot appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *