Снимајте и стримајте со OBS Studio алатката

-

OBS Studio е одлична open-source алатка која ви дозволува да снимате и стримате видеа од најразлични извори, независно од тоа дали се работи за вашата камера, отворен прозорец или фајлови од вашиот компјутер. Во ситуација на снимање, односно стриминг од повеќе извори, имате целосна слобода и можете лесно да ја менувате положбата и големинатa на прозорците од видео изворите. Штом завршите со ваквите поставки, можете да кликнете на Transition и да започнете со емитување најразлични услуги (како YouTube Live).

Најновата 27 верзија на алатката се одликува со кратенка за побрзо вклучување на виртуелната камера која е идеална за прикажување на фидот од вашата камера заедно со другите извори. Со ова верзија се дозволува употреба на импресивни премини кога се прикажува или крие одреден извор. Исто така, конечно ги добивате на располагање и опциите Undo и Redo, доколку брзински сакате да се навратите на претходните поставки.

The post Снимајте и стримајте со OBS Studio алатката appeared first on IT.mk.

Category:
Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *