Создадете мозаици од ваши фотографии со AndreaMosaic

-

Во случај да имате исклучително многу фотографии, можете да ги искористите истите за да направите импресивни мозаици – нешто што, би можеле да се сложите, знае да биде интересен подарок или, во најмала рака, пријатна и лична десктоп позадина.

AndreaMosaic е алатка која го прави токму тоа – ги користи вашите фотографии и прави импресивни мозаици од нив. Како што напоменавме, што повеќе фотографии – толку е подобар финалниот продукт. Можете да наместите колку често една иста фотографија да се појавува во мозаикот, а боите на сите фотографии автоматски се прилагодуваат за да произлезе визуелно-имересивно дело.

Релативно новата 3.5 верзија на AndreaMоsaic се одликува со нова алатка, WebMosaic, која ви дозволува полесно да ги споделувате вашите креации онлајн.

The post Создадете мозаици од ваши фотографии со AndreaMosaic appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *