Според експертите од Националниот Центар за Сајбер Безбедноста, традиционалните совети за создавање комплексни лозинки се неефикасна тактика

При создавање лозинки, постојано се наидува на совети да се создадат што е можно покомплесни лозинки, со употреба на нули наместо буквата О или пак со вметнување интерпункциски знаци, како извичник, а сè што е помеѓу нив да бидат букви и бројки извлечени по случаен избор. Рака-на-срце, и ние често имаме давано и пишувано за слични тактики.

Но, доколку може да се верува на експертите од Националниот Центар за Сајбер Безбедноста, National Cyber Security Centre (NCSC) кој што е дел од Government Communications Headquarters (GCHQ), таквите „традиционални совети за лозинки се, едноставно кажано, глупи“, објаснува директорот на NCSC, др. Ијан Ливај. Според него, постојат неколку добри причини „зошто ние одлучивме дека три зборови по случаен избор е подобра тактика“. Според директорот, комбинација од три зборови создаваат лозинка која ем е посилна ем е полесна за помнење.

Four ways to make sure your passwords are safe and easy to remember

Експертите од центарот објаснуваат дека техниките каде луѓето вметнуваат специјални карактери за создавање лозинки за да ја зголемат нивната комплексност не се добри затоа што хакерите се свесни за ова и користат алгоритми за да ги идентификуваат. Паралелно со ова, од агенцијата ги критикуваат веб сајтовите кои бараат задолжителна употреба на специјални карактери затоа што луѓето често користат едни исти варијации на лозинки кои и претходно биле создавани, а, со самото тоа, подлегнуваат на полесно пробивање, особено доколку одредена претходна варијација веќе била откриена.

Според докторот Ливај луѓето би биле значително помалку ранливи од сајбер криминалци само доколку би создавале лозинки од три зборови.

Што вие мислите за сево ова? При наредно создавање лозинка, дали би оделе со знаци и букви по случаен избор, или со три зборови? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

The post Според експертите од Националниот Центар за Сајбер Безбедноста, традиционалните совети за создавање комплексни лозинки се неефикасна тактика appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *