Три Android игри кои се на голем попуст

Постојано, бројни Android игри се на попуст. Во овој момент, три исклучително квалитетни игри се продаваат со голем попуст и можете да ги зграпчите за шеесетина денари, или помалку!


Се работи за чистокрвен 2D платформер каде фокусот е на решавање загатки преку играње со силата на магнетизмот и електромагнетски моќи. Играта првенствено е излезена на PC и е особено фалена за уникатниот уметнички стил и предизвикувачки битки со босови.

Солидна стратегија која се заснова на запазување редови (turn-based) и е замислена да ги импресионира old school фановите со епски битки и употреба на најразлична магија низ најразлични територии и против предизвикувачки непријатели, како орци, духови и мистериозни номади. Вашиот тим е составен од талентирани воини и волшебници, со комплексно дрво со таленти.

Во овој ретро-инспириран платформер ги користите вашите вештини, но и арсенал од оружја за да се провлечете низ 30 предизвикувачки оддели и конечно да ја побегнете од затворот. Покрај директна акција со разновидни непријатели, имате на располагање и бројни загатки.

The post Три Android игри кои се на голем попуст appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *