Учете англиски јазик со BBC Learning English

-

BBC Learning English e апликација за Android и iOS. Оваа апликација е заснована на бесплатната програма за учење англиски јазик која постои веќе половина век.

BBC Learning English може да се користи и без претходна регистрација, а содржините кои се прикажуваат всушност се влечат од самиот веб сајт (предност е тоа што можете и да ги преземате лекциите, за да може да учите во ситуации кога немате пристап до интернет). На располагање имате вежби за секојдневна надградба на вашето знаење, како и специјализирани лекции за изговор, граматика и проширување вокабулар. За секоја лекција добивате кратко објаснување и времетраење кое е потребно да се заврши.

Лекциите се изработени на професионален начин, со бројни образовни видео материјали, а во случај да не сте слушнале нешто убаво, имате на располагање и транскрипција. По завршување на некоја лекција, ќе добиете препораки за нови лекции кои се слични на таа што штотуку сте ја завршиле. Апликацијата постојано се надополнува со нови лекции и вежби.

The post Учете англиски јазик со BBC Learning English appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *