Учете 17 различни јазици со апликацијата Falou

Доколку, од каква било причина, не сте задоволни од бесплатниот метод на надалеку-познатата апликација за учење јазици – Duolingo – и сакате да пробате малку поразлична метода, тогаш Falou е интересна нова апликација.

Со Falou можете да учите и до 17 различни странски јазици но преку AI- напојувани колекции од разговори кои се засновани на сценарија од секојдневниот живот. Независно од тоа дали сакате да научите англиски, француски, германски, хрватски или некој друг јазик, категориите се делат на теми за запознавање, барање информации за храна, дестинации, шопинг, плажа и многу повеќе!

Методите кои се имплементирани вдахнуваат одредена иновативна свежина во која можете бесплатно да уживате преку неколку лекции или во форма на три-дневен пробен период. Во случај да се здобиете со впечаток дека апликацијата е ефикасна за вас, можете да започнете со годишна претплата од околу 2000 денари.

Falou e достапна за iOS и Android.

The post Учете 17 различни јазици со апликацијата Falou appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *