Читајте ги податоците од сите сензори на вашиот телефон со Arduino Science Journal

-

Arduino Science Journal e апликација која ги чита и прикажува податоците од сите ваши сензори кои ги имате во вашиот телефон, односно таблет. Со малку „играње“ можете да дојдете до најразлични податоци, како на пример, до акцелометарот кој прикажува колку брзо се движите.

Сите податоци се регистрираат и прикажуваат во реално време и преку посебни графикони. Доколку сакате да сочувате одредени податоци за во иднина, кликнете на копчето Record и ќе започне да се снимаат читаните податоци. Во кој било момент, можете да вметнете дополнително читање на некој друг сензор, како и да направите скриншот од прикажаниот графикон.

Најновата верзија на Arduino Science Journal се одликува со дополнителна поддршка за повеќе сензори, како и со нова алатка која се вика Getting Started, се наоѓа во главното мени и ви дозволува на брз и лесен начин да започнете со вашето прво експериментирање.

Корените на Science Journal се имаат пуштено во канцелариите на Google, само за да подоцна работата биде преземена од open-source софтвер и хардвер девелоперот Arduino. Апликацијата ви стои на располагање и за Android и за iOS.

The post Читајте ги податоците од сите сензори на вашиот телефон со Arduino Science Journal appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *