Чувајте лозинки со KeePass

-

Кога се работи за управители на лозинки, едни алатки ги чуваат лозинките на облак, а други на вашиот хард диск. Во случај да не се чувтвувате удобно со чување лозинки на облак, KeePass е управител кој не ги чува податоците онлајн, туку во датабаза која се наоѓа во вашиот компјутер.

За да направите ваша лична датабаза од лозинки по преземање, инсталирање и вклучување на управителот, потребно е да кликнете на File, па преку New да изберете каде да се сочува и, на крај, да создадете главна лозинка (master password). По желба, особено доколку не си верувате себеси, можете да испечатите листа за тоа каде се наоѓаат лозинките и која е вашата главна лозинка.

Најновата верзија на управителот го подобрува преземањето лозинки од LastPass и дозволува нивна подобра организација со можноста за вметнување тагови. Исто така, секој пат кога внесувате некоја лозинка или кога извлекувате извештај, KeePass ќе ве предупреди доколку забележи некои лозинки да не се доволно безбедни и ќе инсистира да ги промените, освен доколку не наместите опомената за одредени лозинки да биде игнорирана.

The post Чувајте лозинки со KeePass appeared first on IT.mk.

Comments (0)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *